Финансиска едукација за паметни одлуки




Финансиската писменост може да се разбере како спој на едукација и разбирање на теми од разни финансиски области, меѓу кои пари, инвестиции, управување со лични финансии, и сл. Дополнително, финансиската едукација претставува процес во кој поединците го подобруваат своето разбирање во врска со финансиските производи и концепти, стануваат свесни за финансиските ризици и можности, како и способни да направат информиран избор и да знаат каде да се обратат за помош и заштита.

Целта на Проектот „Финансиска едукација за паметни одлуки“ е подигнување на нивото на финансиска писменост кај младите во Република Северна Македонија и создавање на општество базирано на знаење (knowledge based society), односно зголемување на финансиската свест кај младите за одговорно управување со личните финансии и подинување на степенот на финансиска инклузија на младите. Истиот придонесува кон намалување на можноста за финансиски измами, манипулации и злоупотреби, како и обезбедување услови за активно учество на младите во креирањето на јавните политики. Крајниот резултат би бил финансиски систем кој генерира поквалитетни финансиски производи и услуги, кои обезбедуваат социјална вредност и ја потврдуваат улогата на финансискиот систем и неговите институции во служба на економијата и општеството во целост.

Проектот „Финансиска едукација за паметни одлуки“ е поддржан од програмата Цивика мобилитас

Времетраење:                                 9 месеци
Период на спроведување:           1 јуни 2020 година – 28 февруари 2021 година
Вкупен буџет:                                  324.000 денари
Крајни корисници:                        Поширока јавност
Носител на Проектот:                   СИГМА СТАТ Скопје
Соработници:                                 ИУК „АрсАкта“ Скопје
Лице за контакт:                            Бобан Стојаноски - 078 452 565

Активности

Анализа на степенот на финансиска писменост


Врз основа на спроведена анкета на вкупно 450 испитаници, резултатите покажуваат дека за финансиски писмени може да се сметаат само околу 30% од населението, при што само 6% имаат високо финансиско знаење.

Краток преглед на добиените резултати можете да најдете на инфо-графикот во продолжение, а за повеќе детали прочитајте во нашата Студија.

Едукативни предавања


Во насока на подигнување на нивото на финансиска писменост кај населението, СИГМА СТАТ одржа 4 онлајн едукативни предавања на различни теми од областа на финансиите, при што акцентот беше ставен на заштита на потрошувачите.

Видеата од овие едукативни предавања можете да ги погледнете на нашиот YouTube канал на линкот во продолжение.

Едукативни видеа


Една од активностите во рамки на Проектот „Финансиска едукација за паметни одлуки“ беше изработка на неколку едукативни видеа, кои на интересен и разбирлив начин ќе ги прикажат клучните поенти од одржаните едукативни предавања. 

Едукативните видеа можете да ги погледнете на нашиот YouTube канал на линкот во продолжение.

Поимник на финансиски термини


Сложената финансиска терминологија често пати може да биде причината која доведува до ирационални и недоволно информирани финансиски одлуки. Со цел надминување на ваквиот информациски јаз, СИГМА СТАТ во рамки на Проектот „Финансиска едукација за паметни одлуки“ изработи Поимник на финансиски термини, со вкупно 120 финансиски термини, распоредени во неколку области. 

Ресурси

Финансискиот систем во РСМ

Осигурувањето како форма на заштита од ризици

Деловните процеси во банкарскиот сектор

Паметно вложување во инвестициски фондови

Цивика мобилитас е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска. Целта на програмата е општествените промени во Северна Македонија да бидат поттикнати од силен граѓански сектор, активни граѓани и добра соработка со властите, што резултира со потранспарентно, поотчетно и социјално-инклузивно управување како на централно, така и на локално ниво.