ЗА НАС

Здружението на економисти, статистичари и економетричари СИГМА СТАТ Скопје е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани, формирано со слободно здружување заради остварување и заштита на своите интереси и уверувања во насока на унапредување на граѓанското општество и социо-економски развој. 

Мисијата на СИГМА СТАТ е зголемување на општествено-економскиот и социјален развој, преку подобрување на квалитетот на човечкиот капитал, додека пак основна цел на СИГМА СТАТ е подигнување на нивото на образование и зголемување на квалитетот, потенцијалот и конкурентноста на работната сила, во насока на унапредување на економскиот раст и развој.

Тимот на СИГМА СТАТ го сочинуваат група на високо професионални и амбициозни млади луѓе, економисти од различни профили, кои делат иста визија за унапредување на граѓанското општество и социо-економски развој. Член на Здружението на економисти, статистичари и економетричари СИГМА СТАТ Скопје може да биде секој полнолетен граѓанин кој доброволно ќе пристапи кон Здружението со давање на писмена изјава (Пристапница).

ЦЕЛИ

  • Промоција и унапредување на примената на статистиката и квантитативните методи во областа на бизнисот и економијата
  • Развој и имплементација на современи истражувачки и аналитички методи, активности, манифестации, проекти, програми и иницијативи во областа на статистичкото и економетриското истражување;
  • Промоција на научно-истражувачката дејност и развој на критичко општество;
  • Зголемување на конкурентноста на младиот човек на пазарот на труд;
  • Економија базирана на знаење;
  • Поддршка и зајакнување на младинскиот позитивен имиџ, и др.

ТИМ

Претседател

М-р. Мартин Новески


Извршен одбор

М-р Мартин Новески

М-р. Бобан Стојаноски

М-р. Славица Тасева

Благојче Спасовски
Невена Спасовска
Марија Мицевска Лазарова
Илија Думовски


Надзорен одбор

Проф. д-р. Сашо Ќосев
М-р. Драган Лазаров
М-р. Ненад Тортевски

ПРОЕКТИ

„Финансиска едукација за паметни одлуки“


Целта на Проектот „Финансиска едукација за паметни одлуки е подигнување на нивото на финансиска писменост кај младите во Република Македонија и создавање на општество базирано на знаење (knowledge based society). Проектот придонесува кон намалување на можноста за финансиски измами, манипулации и злоупотреби, како и обезбедување услови за активно учество на младите во креирањето на јавните политики. 

Крајната цел е финансиски систем кој генерира поквалитетни финансиски производи и услуги, кои обезбедуваат социјална вредност и ја потврдуваат неговата и улогата на финансиските институции во служба на економијата и општеството во целост.

ГАЛЕРИЈА

- Ден на граѓанските организации 2020 -